Ликовна уметност - категорија

автопортрет повеќе

мн. автопортрети
Вид збор: Именка, машки род
Сопствен портрет (кога сликарот ќе се наслика сам себеси).
Англиски: self-portrait Албански: autoportret

акварелен повеќе

акварелниот
Вид збор: Придавка
Што е насликан со акварел.

акварелист повеќе

мн. акварелисти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што слика акварели.
Англиски: aquarelist

акватинта повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Графичка техника на длабоко печатење.
Англиски: intaglio

акт повеќе

мн. акти
Вид збор: Именка, машки род
Слика или скулптура која претставува голо човечко тело.
Англиски: act Албански: akt

акт-студија повеќе

мн. акт-студии
Вид збор: Именка, женски род
Студија, цртеж од голо човечко тело.
Англиски: study from the nude

анималист повеќе

мн. анималисти
Вид збор: Именка, машки род
Уметник што црта или ваја животни.

аниматор повеќе

мн. аниматори
Вид збор: Именка, машки род
Цртач, уметник што изработува цртани филмови.
Англиски: animator Албански: artist

арабеска повеќе

мн. арабески
Вид збор: Именка, женски род
Орнамент, шара карактеристична за ориенталната уметност изведена со геометриски и растителни елементи.
Англиски: arabesque Турски: arabesk
а - б - в - г - ж - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - ц - ч - ш